Nacionalni park Galičica

| Некатегоризовано | 26. 10. 2014.

Padine fantastičnog Nacionalnog Parka Galičice su planinski masiv vrhunske lepote, koji se uzdiže do 2254 metara visine, između Ohridskog jezera na zapadu i Prespanskog jezera na istoku. Predivna jezera, modro plave boje su smeštena visoko u planinskom masivu Galičice. Prespansko jezero se nalazi na visini od 850 metara, a Ohridsko na 694 metara i pripadaju području Nacionalnog Parka Galičica od ukupno 22750 hektara veličanstvene prirode. Galičica je proglašena Nacionalnim Parkom 1958. godine, koji obuhvata područje obala oba Prespanska jezera, kao i ostvro Golem Grad na prespanskom jezeru. Najviša tačka Nacionalnog Parka Galičica je vrh Magaro, visok 2255 metara, dok je južna granica Nacionalnog Parka zapravo granica sa Republikom Albanijom. Na severu se granica Nationalnog Parka Galičica proteže kroz nekoliko znamenitosti i spaja ova jezera, što predstavlja pejsaž neuporedive lepote.

130 različitih šumskih zajednica je otkriveno u Nacionalnom Parku Galičica, što potvrđuje da je vegetacija izvanredno bogata i uključuje izuzetno retke oblike flore. Reljef područja Nacionalnog Parka Galičice je posebno karakterističan : visoki šumotivi planinski vrhovi iznad 2000 metara, prostrani pašnjaci sa brojnim lekovitim biljem, koje ukrašava živopisni pejzaž. Dobro obeležene planinarske i pešačke staze u Nacionalnom Parku Galičica i bogato kulturno nasleđe okruženja predstavljaju užitak za ljubitelje prirode i kulture. Niže padine planine Galičice dopiru do obala ohridskog i prespanskog jezera, što omogućava prizor izvanredne lepote, koji zauvek ostaje u sećanju.

Националниот парк Галичица претставува „жариште“ на биолошката разновидност на Балканот и во Европа. Исклучителното богатство на живеалишта и видови го издвојува Паркот од други подрачја со слична големина. На нешто помалку од 25.000 ha, се среќаваат повеќе од 35 типови живеалишта, 40 растителни заедници, околу 1.600 таксони од васкуларните растенија, над 143 видови лихеноидни габи, повеќе од 480 видови габи и преку 3.231 таксони од фауната. Богатата биолошка разновидност во Паркот има големо национално, европско и глобално значење. Од живеалишта кои се ретки или загрозени во Европа, во Паркот се среќаваат десет типови шумска, два типа грмушеста, четири типови тревеста и два типа хазмофитска вегетација. Од европско значење се и два типа на водни живеалишта и три типови на живеалишта поврзани со подземните геоморфолошки форми. Бројот на видови од глобално, европско и национално значење е навистина голем. Во Паркот се среќаваат 4 таксони од без`рбетните и 13 од `рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени. Неколку стотини ретки и заштитени видови во Паркот се претставени со значајни популации. Бројните ендемични видови на Паркот му даваат посебно обележје. Некои од нив се среќаваат само во границите на Паркот, и тоа: 29 таксони од алги, 13 видови васкуларни растенија, 68 таксони од без`рбетните и 4 таксони од `рбетните животни. Покрај тоа, Паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или Балканот, и тоа: 46 таксони виши растенија, 89 таксони без`рбетници и 14 таксони `рбетници. Голем е бројот на видови во Паркот кои се привлечни и лесно препознатливи за посетителите и локалното население и како такви се основа за развој на туризмот. Меѓународното значење на биолошката разновидност во Паркот е потврдено со бројни номинации, како на пример: „Емералд подрачје“, „Значајно растително подрачје“, „Примарно подрачје за пеперутки“, „Светско наследство на УНЕСКО“, а потенцијално и „НАТУРА 2000 подрачје“.
Од другите природни вредности на Паркот, значајни се Стара Галичица и островот Голем Град, кои по своите севкупни геоморфолошки карактеристики се ретки или единствени форми во Југоисточна Европа, како и тревните тераси на Стара Галичица кои со одредени свои карактеристики се единствени или ис­­клучително ретки во евромедитеранскиот регион, но и глобал­но.
Подолу се дадени повеќе детали за живата и неживата природа во Национален парк Галичица.

Масивот на Галичица е еден од најсиромашните со површински и истечни води во Република Македонија. Ова особено се однесува на нејзините повисоки делови и Стара Галичица. Од друга страна, она што ја издвојува оваа карстна планина од другите е подземната хидролошка врска помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. Подземната врска на Охридското и Преспанското Езеро била цел на истражување на голем број на хидролози. Со различни методи, односно со користење на различни трасери оваа врска е потврдена повеќе пати. Покрај потврда на поврзаноста истражувањата откриваат и други интересни податоци:

Количината на вода со потекло од Преспанското Езеро во врутоците Свети Наум и Тушемишта (Албанија) се движи околу 50%. Останатите 50% се со потекло од врнежи. За разлика од овие два врутоци, подземната врска кај Билјанините Извори во близина на Охрид поретко се потврдува.
Во однос на брзината со која водата поминува под Галичица податоците се многу различни. Најкратко досега забележано време е 6 часа за колку трасерот фрлен во водите на Преспанското Езеро се појавил во врутокот Тушемиште. Но покрај овој екстрем во најголем број случаи водата под Галичица се задржува барем година дена.

Задржувањето на водата во подолг временски период оди во прилог на тоа дека во пазувите на планината има големи резервоари во кои се складира водата која понира од Преспанското Езеро, а потоа преку канали и пукнатини доаѓа во Охридското Езеро. Различната брзина на доаѓање на водата потврдува и дека под Галичица нема единствен канал со кој езерата се поврзани туку се работи за бројни канали/пукнатини.
Значителните промени во нивото на водата во Преспанското Езеро се резултат на повеќе фактори. Покрај другите, влијание има и состојбата (отвореноста за проток на вода) на подземните канали/пукнатини и количината на наталожени седименти во резервоарите.
Единствена река која тече во границите на Паркот е реката Черава и тоа само нејзиниот најдолен тек до вливот во Охридското Езеро. Изворот и поголемиот дел од реката се наоѓаат во Република Албанија.

Ретките извори се со многу мала издашност и во најголем дел се зафатени (во бетонски резервоари) за обезбедување на вода за пиење за населбите оформени на падините на масивот. Таков е случајот со изворите во локалитетот Војтино над селото Љубаништа, изворот Вршек над селото Елшани, изворот Селиште над селото Велестово и секако најголемите и најиздашните извори во локалитетот Летница над селото Рамне кои се каптирани за потребите на градот Охрид.
Поради големата потреба од вода за стадата овци кои во минатото паселе во текот на летото на Галичица, во минатото оформени се 19 локви кои редовно се одржувале. Во последниве дваесетина години локвите не се одржуваат поради што најголемиот дел од нив, особено земјените, се зарастени со вегетација и скоро воопшто немаат вода дури и во влажниот период од годината. Покрај локвите во минатото изградени се и 19 бунари и 2 бетонски резервоари. Како и локвите најголемиот дел од нив се исушени.

Поради големата природна вредност, вклучително и хидролошка, посебно внимание заслужува врутокот кај манастирот Свети Наум. Се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Охридското Езеро. Го сочинуваат два дела. Првиот е издолжен налик на низинска река и по своите карактеристики е типичен претставник на карстните врутоци. На неговото дно се забележуваат бројни подводни извори. Покрај нив особено по јужниот брег има крајбрежни извори. Вториот дел кој се наоѓа низводно од првиот е поширок и со кружна форма. Во него се оформени два острови. Крајниот северен дел од врутокот преку истек долг 10 до 12.m поврзан е со Охридското Езеро. Вкупната површина на езерцето оформено од врутокот е 0,342 km2. Езерцето го формираат 15 крајбрежни извори и околу триесетина подводни. Количната на вода која извира од овие извори е релативно стабилна и изнесува 6 до 8 m3/s. Поради стабилноста на изворите водостојот на езерцето многу малку се менува. На водостојот на езерцето промените во водостојот на Охридското Езеро немаат влијание. Длабочината на езерцето е различна, но во најголем дел се движи помеѓу 2 и 3.m. Најголемата длабочина е 3,5.m. Температурата на водата се движи помеѓу минималната, најчесто во месец февруари, од 7,2 оC до максимални 12,8 оC измерени во јули. Во најголем дел од годината температурата е помеѓу 10 и 11 оC.

Планината Галичица е дел од Шарско-Пиндскиот систем на планини. Го зафаќа најјужниот дел од геотектонската единица на западно-македонската зона. Големите отворени површини кон Охридското и Преспанското Езеро кои ја ограничуваат од исток и запад, придонесуваат во нејзиното јасно визуелно одвојување како засебна целина. На север, масивот преку прегребенската долина на превалот Буково, продолжува во Плаќенска односно Илинска планина, додека на југ се спушта во Корчанско поле.

Денешната форма на релјефот основно се должи на тектонските активности по двата главни раседи: Коселско – Љубанишкиот и Отешевскиот. Покрај тоа, во конечното обликување на релјефот придонес имаат масивните варовници, радијалната тектоника и глацијалната и речната ерозија. Сето ова придонело Галичица да има развиен и интересен релјеф, со карактеристики кои ја одвојуваат од другите планини.

Планината има меридијански правец на протегање, при што надморската височина опаѓа кон север. Кон Охридската котлина, благодарение на Коселско – Љубанишкиот расед, планинските страни стрмно се отсечени кон Охридското Езеро. Со пределот доминираат неколку отсеци: Отсекот под врвот Магаро; Отсекот под врвот Лако Сигној; Отсекот под врвовите Бугарска чука. Отсеците по должината на брегот на Охридското Езеро, од хотелот „Десарет“ до месноста Ќоше, се издигнуваат директно од водите на езерото како абразиони клифови. Највисоки се оние кај црквата Св. Богородица Захумска, со височина од околу 200.m.
Билото на Галичица е широка флувиоденудациона варовничка површина, прекината со раседна линија од селото Лескоец на преспанската страна, до селото Трпејца на охридската страна. Овој дел е и најтесен на масивот, со широчина од 9,75 километри. Масивот, а со тоа и билото се најшироки помеѓу манастирот Св. Стефан и селото Горно Дупени, со вкупно 14,5 километри.

Раседната линија Лескоец – Трпејца го дели единствениот масив на два дела. Јужниот дел е познат како Стара Галичица, додека остатокот најчесто се нарекува Галичица. Северниот дел на Галичица, локалното население го дели на два дела, кои ги нарекува Петрино и Исток.
Надморската височина на планинскиот масив Галичица се движи од 695.m н.в. (нивото на Охридското Езеро), односно 850.m н.в. (нивото на Преспанското Езеро), до 2265.m н.в. на кота Ф10, на границата со Албанија. Апсолутната височинска амплитуда изнесува 1570.m, што овозможува развој на планински релјеф. Помаркантни коти кои доминираат со релјефот се: Ф10 – 2265 m н.в.; Магаро – 2254.m н.в.; Лако Сигној – 1984.m н.в.; Гога – 1737.m н.в.; Труглаш – 1264.m н.в.; Голем Осој – 1005 m н.в.; Пецилин – 1421 m н.в.; Самар – 1654.m н.в.; Калето – 1182.m н.в. и Вишесла – 1564.m н.в.

Карпестите маси кои се со различна старост и минералошки состав на овој масив можат да се групираат во следниве геолошки формации: (а) комплекс на палеозојски метаморфни и магматски стени; (б) комплекс на мезозојски седиментни стени и (в) комплекс на терциерни и квартерни седименти. Комплекс на палеозојски метаморфни и магматски стени ги опфаќа стените со најголема старост. Од овој комплекс најзастапени се Камбриум – ордевициските метаморфни карпи односно филитите. Филитите настанале со седиментација на глинест материјал и се одликуваат со свилест сјај поради многу големото учество на лискун. Комплексот на мезозојски седиментни стени во Паркот е претставен со тријаски седименти кои во градбата на масивот учествуваат со околу 70-75%. Ова е резултат на интензивните тектонски движења на овој масив. Дебелината на тријаските седименти изнесува од 600-700 m. Во склопот на тријаските седименти издвоени се две фации и тоа : (а) фација на кластични седименти (конгломерати) и (б) фација на карбонати и рожнаци (доломити, плочести варовници со рожнаци и масивни варовници). Конгломератите се развиени во базалниот дел на тријаските седименти. Карбонатно-рожначката фација е дебела околу 500 – 550 m. Изградена е од доломити, плочести варовници со рожнаци и масивни варовници. Масивните варовници имаат најголема застапеност и ја изградуваат хорстсинклиналата на Галичица. На повеќе локалитети масивните варовници лежат директно над плочестите варовници и се јавуваат како завршен член на карбонатно – рожначката фација. Меѓутоа, на одделни локалитети масивните варовници кои достигнуваат максимална дебелина од 500 – 550 m, директно лежат на кластичо-карбонатната фација, која овде е претставена со тенки слоеви на конгломерати и песочници. Комплексот на терциерни и квартерни седименти е најмлад и во него според староста се издвоени следниве видови седименти: (1) неогени седименти, (2) плеистоцени седименти и (3) холоцени седименти. Формирањето на неогените седименти започнува со формирањето на слатководните езера. Плеистоцените наслаги се широко распространети и претставени се со езерски и барски седименти, моренски и флувиоглацијални седименти, црвеница и бигор. Холоцени седименти се претставени со пролувиум, падински бречи, сипари и алувиум.

Геоморфолошки појави
Според морфометрис­ките карактеристики може да се истакне дека планината Галичица има изразито тек­тон­ски карактер (хорст), издигната помеѓу двата езерски басени. На планината Галичи­ца доминантни морфогенетски процеси кои учествувале или денес учествуваат во создавањето на релјефните форми се: карстниот, глацијалниот и пе­ри­глацијалниот.
Галичица преставува типично кар­стно подрачје на кое тријаските масивни и банковити варовници лежат преку кристалестите шкрилци. Тоа се терени кои долго биле изложени на дејствувањето на надворешните (егзогени) фактори, кои силно го иницирале процесот на карстификација. Се забележуваат микро и макрорелјеф­ни површински кар­ст­ни фор­ми, почнувајќи од шкрапи, бројни вртачи и скарстени су­водолици до карстни полиња. Од подземните карстни форми регистрирани се десетина пештери и две пропасти.

Карстни полиња – Најголемите површински карстни форми на пла­ни­ната Галичица се преставени со карстни полиња. Нив ги има четири и тоа: Суво Поле, Шарбојца (Асан Ѓура), Вардуљ и Ѓафа. Сите главно имаат меридијан­ски пра­вец на протегање какво што е протегањето и на планината Галичица. Дното на сите полиња е приближно на иста височина од 1480 до 1440 m н.в.

Суво Поле е најголемото карстно поле, со должина од 4,2 km и најго­ле­ма ши­рочина од 1 km. Има издолжена форма со две поголеми проширувања (за­рам­нини). Проширувањата се поврзани со низок и прилично широк пре­вал. Дното на полето од југ кон север се снижува, т.е. во јужниот дел е на ви­со­чи­на од 1480 m, додека во северниот на 1430 m. На западниот раб на полето се развиени голем број вртачи, додека на дното се сретнуваат хумови. Дното е покриено со резидиум и песокливи глини. На одделни делови на дното од полето на површината се јавуваат шкрилци.
Шарбојца (Асан Ѓура) е второ по големина карстно поле, со должина од 2,5.km и ши­рочина од 1,7.km. За разлика од претходното, карстното поле Шарбојца е разбиено со неколку хумови. Во средишниот дел на полето се издигнуваат пет хумови изграде­ни од поотпорни карпи, во вид на ритчиња. На дното на полето присутна е локва, како и еден бунар во близина на планинската куќа. Ниските делови на полето се под тревна вегетација, додека хумовите кои се издигнуваат за 10-15 m се голи.
Полето Вардуљ го чинат две проширувања со различен правец на протегање, меѓу себе одвоени со неколку ниски хумови. Првото про­­­ширу­вање има меридијански правец југ-север, додека второто е со правец југоисток – северозапад. Полето Вардуљ е долго околу 4,5 km, со најголема ширина од 0,8 km. По дното на полето се развиени вртачи, што укажуваат на интен­зивна карстификација.

Карстното поле Ѓафа е со меридијански правец на протегање. Долго е 4 km со најголема широчина од 1,4 km. На дното од по­лето има три локви и еден бунар. Карстните полиња на Галичица во поглед на постано­кот се полигенетски. Се формирале под дејство на флувијалната и карстната ерозија.
На планината Галичица се изградени десетина подземни карстни форми (пештери и пропасти). Наумова Пештера – е една од најинтересните регистрирани и испи­та­ни пеш­тери пок­рај брегот на Охридското Езеро. Се наоѓа јужно од селото Трпејца на стотина метри од месноста На Дол. Гледано во целина пештерата има полукружна форма. Вкупната должина на Наумовата Пеш­тера изнесува 27,7 m со површина на внатрешноста од 167 m2. Посебна карактеристика за оваа пештера е богатството на пештерските украси. Оваа пештера исто така претставува значајно живеалиште за некои видови лилјаци, особено малиот потковичар (Rhinolophus hipposideros). Пештера кај селото Лескоец (Преспа) се нао­ѓа во не­посредна близина на селото, односно под врвот Стрнина (1.107 m). Вкупната должина на пештерата изнесува 43 m, додека заедно со споредни­те пештерски канали, должината на пештерата достигнува 48 m. Таа е типичен пример на пештера во која бил присутен подземен во­ден тек кој денес не егзистира, односно истата е наполно сува и е од типот на су­ви, фосилни пештери. Оваа пештера исто така претставува значајно живеалиште за некои видови лилјаци, особено јужниот потковичар (Rhinolophus euryale). Самотска Дупка, ги над­минува останатите пештери на планината Галичица, не само по својата дол­жина од 224 m, туку и по останатите природни карактеристики. Се наоѓа на источната стра­на од скарстената долина Студино, во горниот дел на помал скарстен дол кој нап­речно се спушта кон Студино. Во близина на пештерскиот влез, кој е на 1.430 m н.в. присутно е големо количество блоковски материјал. Пештерата Самотска Дупка преставува мошне едноставен, но доста простран пештерски канал кој гледано во целина има правец на протегање југозапад-североисток. Вкупната должина на главниот пештерски канал из­несува 207 m, додека вкупната должина, заедно со споредните пештерски ка­нали достигнува 224 m. Пештерата во основа преставува фо­силна речна пештера, односно пештера низ која истекувал подземен воден тек.

Надморската височина на Галичица и погодната морфопластика овозможиле во текот на плеистоцентот на поедини делови да се акумулира мразна маса, што ре­зултирало во создавање на глацијален релјеф. На планина Галичица што се наоѓа на територијата на Република Македонија изградени се само два цирка. Овие маркантни циркови се наоѓаат јужно од превалот Липона Ливада (1.568 m) од­­носно помеѓу него и врвот Магаро (2.254 m). Цирковите се распоредени еден над друг и имаат североисточа експозиција. Дното на долниот (помал) цирк е на над­морска височина од 1.850-1.900 m, додека рабниот дел на 2.080 m. Циркот има елип­со­вид­но-амфитеатарска форма со широк и отворен излез од околу 400 m. Дно­то на гор­ниот цирк се наоѓа од 2.030-2.070 m, додека неговиот рабен дел е на 2.230.m н.в. Широчината на горниот цирк достигнува до 400 m. Него­ва­та дол­жина е значително поголема (800 m). Југозападниот и јужниот раб на циркот е преставен со стрмен, на места и вер­­ти­кален отсек, висок 130 m. Тријаските варовници во кој се изградени от­­се­ците на циркот подложни се на интензивно механичко (мразно) дробење.
Покрај двата цирка, типично глацијална форма во релјефот на Галичица e и еден помал валов. Тој започнува од излезот на горниот цирк и се движи кон север. Во крајниот југоисточен дел, од југ на валот се надоврзува скарстена долина, додека неговата западна страна во североисточниот дел е во контакт со долниот цирк. Про­­сечната широчина на валовот изнесува околу 400 m, додека неговата должина достигнува до 2 km. Моренски наслаги, како резултат на глацијалната ерозија незначително се забележуваат на дното на цирковите, додека на превалот Липона Ливада, каде всушност доаѓало до топење на мразната маса (1.550-1.650.m н.в.) натало­же­ни се значителни моренски наслаги.

Карактеристичниот растителен и животински свет во шумите и шумскиот предел на Галичица, биле основни причини за нејзино прогласување за национален парк. Нивната значајна вредност потврдена е со големото богатство на природно застапени дрвенести видови и шумски заедници кои тие ги формираат. Богатата биолошка разновидност на шумите е реткост на целиот Балкански Полуостров и пошироко во Европа.
Автохтоната флора на дрвенести видови (дендрофлора) претставена е со 176 видови, што претставува 58,3 % од дендрофлората на Македонија, од кои 26 се балкански ендемити или 14,8 % од овие ендемити застапени во Македонија. На масивиот застапени се и ретки дрвенести видови кои се сретнуваат само на Галичица и на уште една до две планини надвор од Македонија. Такви се џуџеста черешна (Prunus prostratа), Berberis aetnensis, омелика (Genista radiate), муника (Pinus heldreichii), вулфенова млечка(Euphorbia veneta),млечка Euphorbia glabriflora, мазна копривка (Celtis glabrata), Acatholimon androsaceum,мушмулица (Cotoneaster mariana), клокочика (Staphylea pinnata)идив костен (Aesculus hippocastanum).

Еден дел од автохтоните дрвенести видови се остаток од старата терциерна дендрофлора, што дополнително ја зголемува флористичката вредност на Галичица. Овие реликтни видови, нашле засолниште од налетот на мразиштата, на неколку карактеристични локалитети, кои денес се вистински „жешки точки“ на биолошката разновидност. Такви локалитети се Зли Дол со 65 дрвенести видови и Голем Осој со 56.
Флористичкото богатство на Галичица како магнет привлекува голем број ботаничари, дендролози и фитоценолози. Благодарение на нивните истражувања, денес располагаме со детален опис на шумските заедници и нивниот видов состав, како во катот на дрвјата така и во катот на грмушките.
Природните вредности, воспоставената пракса и персонална екипираност, како и определбата на државата за заштита и подобрување на квалитетот на шумите, придонеле тие да бидат приоритетна цел на администрацијата на паркот од првите денови на нејзиното основање. Ваквиот пристап во заштитата и управувањето со шумите придонел ефектите да бидат значајни што се потврдува со значителното зголемување на дрвната залиха и површините под шума со едновремено зачувување на видовиот состав.

Новите меѓународни искуства и стандарди во заштитата и управувањето со заштитените подрачја упатуваат на потребата од промена на целите на управувањето со шумите – од одржливо користење кон заштита на нивната биолошка разновидност. Следејќи ги ваквите трендови, Јавната установа Национален парк Галичица превзема повеќе активности за подобра заштита на шумските екосистеми во паркот, а со цел одржување на статусот на Галичица како бисер на македонската биолошка разновидност.

No Tags

727 total views, 1 today

  

  • Sremski Karlovci

    by on 25. 10. 2014. - 0 Comments

    Sremski Karlovci su gradsko naselje u Srbiji u opštini Sremski Karlovci u Južnobačkom okrugu, ali pripadaju geografskoj regiji Srem, čiji naziv stoji i u imenu ...

  • Opatija

    by on 26. 10. 2014. - 0 Comments

    U svakom slučaju, "staro" u opatijskoj terminologiji označava predturističko doba, dakle Opatiju prije 1884. i niza plastičnih operacija u režiji Društva južnih...

  • Dubrovačke zidine

    by on 18. 10. 2014. - 0 Comments

    Dubrovačke gradske zidine su sklop utvrda koje okružuju stari dio grada Dubrovnika. Građene su od 13. do 17. stoljeća za potrebe obrane. Duge su 1940 m, visoke ...

  • Herceg Novi

    by on 26. 10. 2014. - 0 Comments

    Na značajnom i atraktivnom prostoru između najviše planine dinarskog masiva Orjena (1895 m) i ulaza u jedan od najljepših zaliva svijeta Boku Kotorsku, smjesti...

  • Vlasinsko jezero

    by on 26. 10. 2014. - 0 Comments

    Vlasinsko jezero je predeo posebnih odlika, kao i jedenstvena sredina netaknute prirode. Vlasinsko jezero okruženo je planinskim vrhovima Čemernika na 1648m....

Pronađite

Događaji

October 2014
M T W T F S S
    Nov »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031